Јенот, фунтата и еврото ќе бидат жртви на доларот-Извршниот директор на Роснефт тврди дека за овие валути се подготвува пекол

Јенот, фунтата и еврото се најсилниот напад на американската централна банка, односно нивната досегашна економска политика и можно е да бидат жртвувани во кризниот „пекол“ за да се спаси доларот. изјави извршниот директор на Роснефт, Игор Сечин денеска за време на 15. Европски економски форум во Верона.

– Досега Федералните резерви либерално ги користеа тие ресурси, дури и манипулираа со доларот во однос на своите сојузници. Ова е причината зошто јенот, фунтата и еврото се под најголем притисок. Тие валути ќе бидат жртвувани за да се спаси доларот – изјави првиот човек на најголемата руска нафтена компанија.