Jibo – прв робот за домашна употреба

28

jibo

Jibo е првиот робот за домашна употреба што може да му биде пријател на секој човек.

Неговиот дизајн потсетува на мал вентилатор за на маса, но во себе содржи многу камери, микрофони и софистицирана компјутерска техника.

Меѓу главните карактеристики со коишто се одликува Jibo е тоа што може да гледа преку две камери коишто препознаваат ликови, да фотографира и да овозможи видео разговори. Во роботот има и микрофони што се движат 360 степени и овозможува природен разговор со корисникот.

Во роботот е интегрирана и вештачка интелигенција што преку алгоритам што се прилагодува на дневните навики на корисникот. Jibo проактивно му помага на корисникот и му ги олеснува секојдневните задачи.

За неговиот дизајн се погрижи Ситнија Бризел, чија цел беше создавање на топло и емоционално суштество и пријател на секој човек.