Johnson & Johnson треба да плати рекордни 4,7 милијарди долари оштета

36

Фармацевтската компанија Johnson & Johnson мора да исплати вкупно 4,7 милијарди долари на 22 жени кои тврдат дека производите на компанијата им предизвикале болест, пишува Independent.

Ова е воедно и пресуда со највисока сума за исплата во историјата на фармацевскиот гигант после тврдењата дека нејзините производи со талк содржат азбест и предизвикуваат рак.

Johnson & Johnson води битка со 9.000 тужби за производи кои содржат талк вклучувајќи ја и носечката пудра за бебиња, но негира дека тие предизвикуваат опасна болест или содржат било каков азбест.

Жените обвинуваат дека децениското користење на производи од компанијата им предизвикалo болести и обвинуваат дека одговорните знаат за тоа од уште 1970 и не реагираат.

Талк е најмекиот камен во светот и е минерал којшто е поврзан со азбестот и двете супстанции можат да се најдат во непосредна близина во земјата.

Корпорацијата ги негира обвинувањата, наведувајќи дека користи строги тестови и процеси на прочистување да се осигура дека талкот е чист, односно дека не содржи азбест.

Фото: Facebook