Jollylook, фотоапарат од картон

54

kamera

Украинскиот старт – ап Jollylook, креираше полароид фотоапарат направен од картон и рециклирана хартија, а на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter успеа да собере 186.800 долари од потребните 15.000 долари иако остануваат уште 24 дена до крајот на кампањата, пишува Birdinflight.

kam1

Креаторите велат дека Jollylook користи помалку материјал од стандардните камери, а скоро целиот фотоапарат е изработен од картон и чини 35 долари. Наменет е за хоби, забава, но и за сериозни фотографии со мал формат.

Камерата со винтиџ дизајн користи Fuji Instax Mini касети и има 110 мм вграден објектив.