
Претседателот на Управниот одбор, Андреја Јосифовски, го зголеми својот сопственички удел во компанијата.
Според официјалниот образец објавен на Македонска берза од компанијата, Јосифовски купил вкупно 124 обични акции.
На 30.01.2026 година биле купени 6 акции.
На 03.02.2026 година се купени 118 акции.
По последната реализирана набавка, вкупниот сопственички удел на првиот човек на Управниот одбор сега изнесува 3,51%.
Ваквите купопродажби на акции од страна на членови на управни и надзорни одбори се толкуваат како сигнал за довербата на менаџментот во идните перспективи на компанијата.














