Јовановска: Проверете го стажот навреме

199

Пензионерите може да бидат сосема спокојни, Пензискиот фонд е во стабилна состојба, пензиите како и досега ќе си продолжат со тековна, редовна, навремена исплата, вели за РСЕ, директорката на ПИОМ Билјана Јовановска.

“Имајќи предвид дека во корона-кризата Владата донесе одлука пензиите се уште ги исплаќаме и предвреме, односно еве и сега на крајот на месецот ќе бидат исплатени јулските пензии. Во делот на планираните приходи и расходи се сè одвива онака како што беше предвидено, како што беше планирано. Во првите пет месеци приходите остварени во споредба со првите пет месеци од 2020 година се зголемени за 6,5 %. А во делот на она што беше планирано за првите пет месеци имаме зголемување за два проценти. Што значи дека овие показатели упатуваат дека Пензискиот фонд е стабилен, пензиите ќе се исплаќаат навремено, редовно и нема никаков проблем во врска со одржливоста на буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување“, истакна таа.

Јовановска ги охрабрува граѓаните работниот стаж да го проверат не дента кога ќе го остварат правото за пензија, туку тоа може да го направат додека сè уште се во работен однос.

“Тоа може да се направи во подрачните единици на ПИОМ, но и електронски на сајтот на Фондот или преку uslugi.gov.mk,“ вели за РСЕ, директорката на ПИОМ Билјана Јовановска.

Фото: Freepik