ЈП Македонски шуми ќе ја обнови соработката со 14 октомври од Крушевац

66

sumi makФабриката за машини и компоненти 14 oктомври од Крушевац, ќе ја обнови деловната соработка со некогашниот стратешки партнер, јавното претпријатие Македонски шуми.

Генералниот директор на 14 oктомври, Миќа Рајиќ и директорот на ЈП Македонски шуми, Жарко Караџовски, вчера потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка на двете претпријатија, во градската управа на Крушевац.

Како што пренесува Танјуг, Караџовски во таа прилика изјавил дека претпријатието до сега машините ги набавувало од Кина и ја најавил можноста за купување на 10 до 15 булдожери од 14 октомври, како можност за соработка на претпријатијата во секторот ремонт на машини.