JP Morgan Chase е доминантна банка на пазарот на благородни метали

35

Банката JP Morgan Chase во текот на 2020 година имаше рекордни приходи од трговијата со скапоцени метали, околу една милијарда долари и далеку ги надмина своите ривали.

Банката се занимава, меѓу другото, со трговија, складирање и финансирање на благородни метали, а коронавирусот создаде одлична можност за инвестициските банки кои тргуваат со злато, сребро и други благородни метали затоа што ги охрабруваше инвеститорите да купуваат и го наруши пазарниот тек.

На овој пазар доминира JP Morgan Chase бидејќи приходот на таа американска банка до средината на ноември претставува најмалку половина од 1,7-2 милијарди долари колку што консултантската компанија Makinzi проценува дека вкупно 10 најголеми инвестициски банки годинава заработиле од благородни метали, претежно од злато.

До крајот на годината JP Morgan Chase може да има приходи од дури 1,5 милијарди долари и да ја загрози Goldman Sachs како најголема банка според приходите.

JP Morgan Chase во моментов е најголемата банка во САД.

Фото: Pixabay