JP Morgan ќе плати 920 милиони долари казна

63

jp morganАмериканската инвестициска банка JP Morgan мора да им плати 920 милиони долари казна на американските и британските власти, поради финансиски манипулации со цените на дериватите на почетокот на оваа година, во кои изгубиле 6,2 милијарди долари. Во скандалот кој на банката и донесе дополнителни трошоци и непријатности, вмешани се пет лица од САД и едно од Велика Британија, од канцеларијата во Лондон. Скандалот укажа на слаба интерна контрола во банката и лажирање на финансиските резултати.

JP Morgan ќе и плати 220 милиони долари на британската Управа за контрола и надзор на финансискиот сектро, 200 милиони долари на американската Комисија за хартии од вредност, 200 милиони на американската Управа за федерални резерви и 300 милиони долари на американската Агенција за валутна контрола.

Банката се согласи да ја плати казната и призна дека ги кршела американските федерални закони. Ова е најголема казна што американската регулаторна агенција им ја изрекла на банкари.