ЈП Водовод и канализација – Скопје со добивка од 79,286,643 денари за период од девет месеци

44

ЈП Водовод и канализација – Скопје, врз основа на финансиските извештаи за работата на претпријатието, бележи добивка за период од првите девет месеци од 2021 година.

Позитивниот финансиски резултат, односно добивката од редовното работење за периодот од 01.01.2021 до 30.09.2021 година изнесува 79,286,643 денари.

„Позитивниот финансиски резултат и остварената добивка од 79,286,643 денари за првите девет месеци од 2021, доаѓа како одраз на домаќинското работење во изминатиот период, стратешко планирање на инвестициите насочени кон подобрување и унапредување на работните процеси, како и вкупната делотворност на претпријатието. Тоа исто така е одраз и на професионалниот пристап и деталната финансиска анализа и план за приходите и расходите на претпријатието.  Ова е уште еден доказ за успешното работење на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кое во изминатиот период делуваше во насока на примена на позитивни практики, како и поставување на нови трендови, како пример за оперативноста на јавните претпријатија“, изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.