JPMorgan ги проширува операциите во ЕУ

24

Амерканската банка JPMorgan ќе ги прошири операциите на својата единица за онлајн банкарство Chase во Германија и други земји од Европската унија.

Ова го изјави извршниот директор Џејми Дајмон за германското издание Handelsblatt.

Овој потег дополнително ќе ја засили конкуренцијата меѓу европските ривали на пренатрупаниот пазар.

Во својот прв таков чекор надвор од САД, JPMorgan влезе на пазарот во Велика Британија со дигитална малопродажна понуда во 2021 година.

Целта на финансиската институција сега е да ја прошири оваа активност и во други земји на Стариот континент.

„Отсекогаш бевме јасни дека сакаме да го донесеме Chase не само во Велика Британија, туку и во Германија и другите европски земји. Имаме многу амбициозни планови“, рече Дајмон.

Портпаролот на JPMorgan ја потврди информацијата, но без да ги коментира временските рокови за реализација на проектот.

Американските банки се обидуваат да ги компензираат профитабилните, но понекогаш нестабилни приноси во инвестициското банкарство со постабилна заработка, иако се соочуваат со конкурентен потрошувачки пазар доминиран од домашни оператори каде маржите се тенки.

JPMorgan, чие седиште на Европската унија е во германскиот финансиски центар Франкфурт, стана една од најголемите германски советодавни банки во последниве години и ги проширува своите операции за да таргетира повеќе од средните компании кои се столбот на најголемата европска економија.

„Во Германија, Chase сè уште не е толку познат, но на глобално ниво е силен лидер. Покрај тоа, ние сме сигурна банка со солиден биланс – и приватните клиенти го знаат тоа“, рече директорот на банката Џејми Дајмон.

Фото: Facebook