JPMorgan има црна прогноза за цената на нафтата

Аналитичарите на „ЈПМорган“ предупредуваат дека нафтата „брент“ може да достигне ниво од 120 долари за барел доколку се влоши кризната ситуација меѓу Русија и Украина и САД воведат санкции за извозот на руска нафта.

Русија е еден од трите најголеми производители на нафта во светот, со околу 11 милиони барели дневно. Околу половина се извезува, најмногу во Кина. Сепак, дури и ако извозот на Русија само се преполови, цената на нафтата може да скокне на 150 долари, пишуваат аналитичарите на JP Morgan.

Според оценката на порталот „OilPrice.com“ за администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, изборот помеѓу санкционирање на извозот на руска нафта и контрола на нивото на малопродажните цени на бензинот на американските бензински пумпи е win-win сценарио.