Американската инвестициона банка JPMorgan Chase потврди дека ќе биде финансиски инвеститор на новооснованата европска фудбалска Суперлига, пренесуваат француските медиуми.
Германските медиуми, пак, додале дека клубовите основачи веќе испратиле документ во седиштето на Европската фудбалска федерација (Union of European Football Associations – UEFA) и Меѓународната фудбалска федерација (FIFA).
“Може да потврдиме дека го финансираме новото натпреварување, но засега не може да дадеме повеќе објаснувања“, рекол портпаролот на американската банкарска компанија.
Во новата Суперлига ќе учествуваат клубовите: Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Арсенал, Челзи, Тотенхем, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Милан и Интер. Тие повикале уште три клубови да им се приклучат во проектот, а уште пет се квалификувани за таа лига врз основа на резултатите во националните првенства.
Според The New York Times, проектот ќе вреди 3,5 милијарди евра и секој од клубовите ќе добие по 350 милиони евра.
Фото: Pexels