ЈСП го зголемува бројот на автобуси, се вози по летен возен ред

504

Од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информираат дека од денеска на поголемиот дел од автобуските линии се вклучени поголем број возила во однос на изминатиов период, поточно дел од линиите во јавниот превоз почнаа да сообраќаат по летен, делничен возен ред.

Станува збор за линиите: 2, 2А, 5, 24, 41, 42, 43, 50, 53, 55А, 57, 63, 63А, 65, 65Б, 67, 163, 165, 167, 180.

Линиите 9, 19, 20 и 23, како и во изминатиов период, продолжуваат да сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

Останатите линии имаат саботен режим на сообраќање.

Линиите, 25, 25А, 25Б, 28 и туристичката линија Сити тур и натаму се времено укинати.

Фото: ЈСП