ЈСП Скопје: Утре ќе работат само три билетарници

13

Во сабота (8.09.2018. година) поради државниот празник 8 Септември-Ден на независноста, ќе работат само три билетарници.

Дежурни со работно време од 7 до 19 часот ќе бидат билетарницитре на Зелен пазар и Транспортен центар, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.

Истиот ден, автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници ќе сообраќаат по неделен возен ред.