Југо кабриолет продаден за 12.100 долари

214

На аукција во американската куќа Barrett-Jackson минатиот викенд беше продадено жолто југо кабриолет. Иако е старо над 30 години, автомобилот е “како нов“ и има поминато помалку од 600 километри. 

Легендарното Југо уште еднаш го привлече вниманието на американските ентузијасти за ретки автомобили и прилично добро сочуваната копија од 1990 година беше продадена  како колекционерски предмет за 12.100 долари.

Yugo Cabrio GVC од 1990 година е редок примерок бидејќи таа година беа произведени само 6.359 единици за Соединетите држави, а кабриолетите сочинуваа мал дел од вкупното производство. Вкупно, само 75 такви возила завршија “преку барата“ таа година. Американците истакнуваат дека ова била и последна година во која овие автомобили биле увезени во САД.