Juisir – иновативен соковник што не треба да се мие

7

inovativen-sokovnik

Иноваторот Лео Шен од Сингапур создаде соковник којшто по употребата не му одзема време на корисникот за негово миење. Станува збор за соковникот Juisir, којшто на корисникот му нуди свежо цеден сок од овошје и зеленчук без да остава неред зад себе.

Соковникот користи преса што има сила од осум тони, па корисникот добива здрав напиток. Сè што треба да направи корисникот е да го исечка омиленото овошје и зеленчук и да го стави во иновативната ќесичка J – Pack и да се постави во Juisir. Потоа го вклучува копчето и по 90 секунди може да ужива во здравиот напиток.

inovativen-sokovnik-kesicka

Има два вида на ќесички – за еднократна и повеќекратна употреба, коишто се изработени од биоразградливи материјали што лесно се рециклираат. Ќесичката собира околу 300 до 350 грама овошје или зеленчук, од кои се добива од 200 до 250 милилитри сок.

Овој старт – ап беше поставен на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, каде што успеа да собере 485.393 долари.