June е нов паметен шпорет што на готвењето му дава нова димензија, а секоја модерна домаќинка би го посакала во својата современа кујна.
“Без оглед на тоа дали сте почетник или вистински мајстор во кујната, June е дизајниран да го претвори готвењето во игра. Шпоретот е поефикасен од конвенционалните уреди од тој тип, попрецизен од тостерот што досега го користевте и поинтелигентен од било кој друг“, стои на официјалната страница на June.
На предната страна на June е сместен елегантен екран на допир, на којшто лесно може да се дадат потребните команди за подготовка на храната. Во овој шпорет е вграден и софтвер што преку Wi Fi се поврзува со паметниот уред на корисникот, каде што ги испраќа сите потребни информации за храната што се пече.
Пред печење, храната треба да се фотографира, а вградената камера ќе послужи за следење на подготовката преку паметниот уред без да се отвора вратичката на рерната. Вградените карбонски влакна овозможуваат рерната за четири минути да постигне температура до 450 степени.
Домаќинките што сакаат да го имаат овој модерен апарат во нивната кујна во треба да одвојат 1.495 долари со депозит од 95 долари за претпродажба. Се очекува редовната цена на June да биде околу 3.000 долари.