Јутјуб плати 6 милијарди долари на музичката индустрија

145

Јутјуб“ објави дека платил повеќе од 6 милијарди долари на музичката индустрија помеѓу јули 2021 година и јуни 2022 година, што претставува зголемување од 2 милијарди долари во споредба со исплатите од 4 милијарди долари што компанијата ги објави минатата година, пишува „Холивуд репортер“.

Содржините генерирани од корисници учествуваа со 30% од исплатите на уметниците, текстописците и носителите на правата, соопшти компанијата.

„Не би можел да бидам повеќе горд на напредокот на Јутјуб со враќањето на приходите во музичката индустрија отколку што сум“, рече Лиор Коен, глобален шеф за музика на компанијата.

„Остануваме фокусирани да станеме најголем придонесувач за приходи за индустријата, а исто така градиме  музичко искуство во сите музички формати за обожавателите и уметниците што овозможува откривање, потрошувачка и учество“, додаде тој.

Во посебен блог-објавен вчера Коен рече дека сака комбинацијата на реклами и претплати да биде „број 1 придонесувач на приходите во индустријата до 2025 година“. Тој, исто така, укажа на напорите на „Јутјуб“ за монетизација на повеќе формати, вклучувајќи кратки форми и видеа во живо.

Рекламниот бизнис на „Јутјуб“, кој забележа рекорден раст во претходните години на пандемијата, донесе приход од 7,3 милијарди долари во вториот квартал. Минатата година „Јутјуб“ соопшти дека надминал 50 милиони претплатници на YouTube Music, вклучувајќи бесплатни и корисници кои плаќаат.

Како што компанијата го развива својот музички бизнис, исто така бара да ги промени своите односи со уметниците и носителите на правата. Во август, „Јутјуб“ заедно со Amazon Music, Apple Music, Pandora и Spotify постигнаа договор со врвните музички издавачи за постепено зголемување на стапките на авторски права на 15,35% во следните пет години.