Јутјубер покажува на што го потсетуваат eвропските земји – На што му личи Македонија?

130

Јутјуберот Закабер објави видео на својот канал во кое илустрираше на што го потсетуваат европските земји.

Во видеото ги наведе сите земји на ЕУ, дури и оние што не се членки.

Убаво видео, започна со прашањето, дали гледате што гледам јас во Европа? И на видеото, тој ги праша луѓето дали некогаш легнале на тревата, гледајќи во правец на небото и замислувајќи на што точно го потсетува облакот.

“Неверојатно е како облиците на облаците нè потсетуваат на нешто или живот, исто е и со границите направени од државите“, вели тој во видеото.

Потоа одлучи да покаже на што сè го потсетува, обликот на границите на државите во Европа.Ерменија го потсетува на ајкула, Австрија ја поврзува со дебел полжав. Од земјите во регионот Босна и Херцеговина му наликува на ракета, а Хрватска на змеј. Србија го потсетува на диносаурус, а Косово на дух. Нашата земја за него изгледа како голем карфиол.