Јужна Австралија ќе добие голема термална електрана на сончева енергија

32

solarreserve-1-_0

Фото: Department of Energy

Јужна Австралија ќе гради големата термална електрана што ќе работи на сончева енергија, пишува Sydney Morning Herald. Градбата ќе чини 650 милиони долари, а ќе ја гради компанијата SolarReserve, со седиште во Калифорнија.

Електраната Aurora, со јачина од 150 мегавати, доби и официјално одобрение за изградба од државата. Конструкцијата ќе започне годинава, а електраната ќе произведува 500 гигават часови енергија годишно, со што ќе обезбеди електрична енергија за 90.000 домови.

Електраната работи со помош на хелиостати, еден вид на огледала коишто се вртат и ја фокусираат сончевата енергија на една централна кула. Кулата користи технологија на стопена сол со чија помош создава пареа којашто ја придвижува турбината и на тој начин се добива електрична енергија кога ке биде потребно.

Aurora ќе биде лоцирана на 30 километри северно од Порт Агуста во Јужна Австралија.