Јужна Кореја ќе биде осмата земја во светот со свој Леголенд тематски парк, кој што ќе биде изграден во близина на главниот град Сеул.
Компанијата Merlin Entertainments која стои зад ова ги објави деталите во врска со проектот, односно дека Леголенд ќе биде лоциран на островот Јунг-до во Чунчеон, на еден час возење од Сеул.
Тематскиот парк е планирано да се отвори во 2017 година.
Според Merlin Entertainments, Јужна Кореја е еден од најголемите пазари на Лего Групацијата во Азија, уште од времето кога беше направена првата играчка во 1984.
Во моментов има вкупно шест вакви паркови во светот и тоа во САД, Малезија, Германија, Данска и Велика Британија и Леголенд паркот во Дубаи кој треба да се отвори во 2016 година.