Јужна Кореја планира да освои 12 отсто од глобалниот пазар на е-возила до 2030 година

71

Јужна Кореја има за цел значително да го зголеми производството на електрични возила (ЕВ) и да го удвои уделот на глобалниот пазар на домашните производители на автомобили на 12 проценти до 2030 година. На овој начин сакаат да бидат „глобална сила во автомобилската индустрија“, соопшти во средата Министерството за индустрија.

За таа цел, владата вети дека ќе обезбеди даночни олеснувања и различни мерки за поддршка за промовирање на инвестициите на производителите на автомобили во вредност од околу 95 трилиони вони (66,03 милијарди долари) до 2026 година, соопшти Министерството, пишува Korea Times.

Според планот, јужнокорејските производители на автомобили сакаат да го зголемат своето глобално производство на електрични возила на вкупно 3,3 милиони единици до 2030 година од околу 254.000 единици регистрирани минатата година, со што ќе учествуваат 12 отсто од глобалниот пазар на електрични возила. Нивниот удел на пазарот достигна пет проценти во 2021 година.