Јужна Кореја развива 5G технологија

40

5gЈужна Кореја ќе инвестира 1,5 милијарди долари во развивање на 5G технологија која ќе биде дури 1.000 пати побрза од 4G LTE и доволно брза да им овозможи на корисниците филм од 800 мегабајти да го симнат за само една секунда, пишува Mashable.

Во пробна работа 5G технологијата ќе биде пуштена до 2017 година, а во комерцијална употреба во 2020 година.