Јужна Кореја во трка да го добие првиот остров со нула јаглеродни емисии

31

3925_6257_1633Малиот остров Гападо што се наоѓа во јужниот дел на Јужна Кореја моментално служи како тест место за обезбедување на обновлива енергија за островот Џеџу којшто е во трка да стане првото место во светот со нула јагледородни емисии.

Овој остров се очекува да стане целосно еколошки до 2030 година, пишува Channel News Asia.

На островот Гападо моментално живеат 177 жители кои за своите потреби од енергија во најголема мера се потпираат на енергијата од сонцето и ветерот. За таа цел електричните столбови се заманети со подземни кабли и инсталирани се две ветерни електрани и соларни панели на покривите од куќите.

gapado-island

Досега потрошени се вкупно 100 милиони долари со цел Гападо да стане остров без јалеродни емисии и да послужи како модел за Џеџу да ја постигне истата цел до 2030 година. Двете ветерни електрани создаваат 500 киловати енергија, а од вкупно 97 домови во Гападо 48 имаат инсталирано сончеви генератори.

Кога времето е облачно жителите можат да ја користат зачуваната енергија од сонцето и ветерот. Сончевите и ветерните генератори се поврзани со паметни мерачи и паметен систем на електричната мрежа и со тоа местото е како една гигантска батерија. На островот има само девет автомобили од коишто четири се елетрични, а туристите кои го посетуваат ова еко место одат пеш или користат велосипеди.