Јужнокорејска компанија инвестира 4,5 милијарди долари во производство на батерии во САД

32

Јужнокорејската компанија LG Energy Solution планира следната година да вложи над 4,5 милијарди долари во бизнис поврзан со батерии во САД, најавувајќи изградба на најмалку два нови погона.

Компанијата со оваа инвестиција ќе ги прошири американските капацитети за производство на батерии за 70 гигаватчас.

“Сакаме да ги прошириме производните капацитети за да може да ги подмириме потребите на бројни производители на автомобили во САД и Европа. Сакаме најмалку две нови фабрики во САД“, вели Денис Меј, директорка на LG Energy Solution во Мичиген.

Планираната инвестиција вклучува отворање на 4.000 нови работни места во САД со што може двојно да се зголеми бројот на вработени во заедничката компанија со General Motors.

Локациите на новите фабрики ќе се знаат до средината на годината. LG во овој момент ја довршува фабриката за батерии во Охајо, што е во комбинација со General Motors, а две компании веќе се во поодмината фаза на преговори за изградба на вториот погон во Тенеси, којшто според LG би требало да имаат слични производни капацитети.

Фото: Pixabay