Јужнокорејскиот гигант ги зголемува цените на чиповите до 20 отсто

32

Јужнокорејскиот електронски гигант Самсунг Електроникс преговара со клиентите за покачување на цената на чиповите оваа година до 20 отсто.

Бројни производители на чипови сакаат да ги зголемат цените за да ги покријат зголемените трошоци за материјали и логистика, пишува Bloomberg, повикувајќи се на извори. Samsung не беше веднаш достапен да ги коментира информациите од преговорите.

Јужнокорејската фирма е вториот најголем производител на чипови во светот, по Taiwan Semiconductor Manufacturing (TSMC). Тајванскиот гигант прогнозираше раст на приходите од 37 отсто во тековниот квартал, предвидувајќи многу тесен капацитет за производство на чипови оваа година поради глобалната криза што ги пополни книгите за нарачки и им овозможи на производителите да наплаќаат високи цени.

Самсунг при претставувањето на деловните резултати на крајот на април истакна дека побарувачката на големите клиенти е поголема од расположливите капацитети, оценувајќи дека состојбата нема да се подобри во догледно време.