К + М, чоколадо со маслиново масло

76

k-m-cokolado

Познатиот американски готвач Томас Келер заедно со Армандо Мани, италијански производител на маслиново масло, направија уникатен спој – чоколадо и маслиново масло.

Идејата е уште од пред пет години, кога ги анализирале својствата на антиоксидансите во темното чоколадо и маслиновото масло. Резултатот е чоколадото K + M (Keller + Manni), коешто наместо од какао путер се прави со маслиново масло, пишува New York Times.

Ова специфично чоколадо го има во три верзии – Peruvian, Ecuador и Madagascar. Вкусот на маслиновото масло во овие чоколади воопшто не се чувствува.

За чоколадо од 70 грама со било кој вкус потребно е да се одвојат 120 долари.