Каде да патувате оваа година за најмалку пари – на листата и Македонија

31

При планирањето на одмор земаме предвид многу фактори, од наоѓање евтини места за патување и безбедноста на саканата дестинација до сместување. Една од работите што влијае на одлуките повеќе од било што друго се парите.

Кога ќе се соберат сите трошоци поврзани со одењето на одмор, повеќето луѓе претпочитаат места кои чинат помалку, но сепак се неверојатни за посета.

Туристичкиот магазин Conde Nast Traveler пронајде земји кои вреди да се посетат и не се меѓу најскапите.

Тие ги препорачуваат овие места за посета во 2024 година. Наведоа 21 земја, а меѓу нив е и Македонија како и соседните земји – Србија, Унгарија и Албанија.

Македонија

Посочуваат дека во Македонија нема многу криминал и препорачуваат задолжителна посета на Охрид.

„Има улици со калдрма и необични цркви кои се очекувани од еден европски град, со дополнителна предност што е сместена на брегот на неверојатно убавото  Охридско Езеро“, пишуваат тие.

Србија

„Белград продолжува да се истакнува како еден од највозбудливите културни епицентри во Европа, но тој е значително поевтин од, на пример, Париз или Берлин (барем засега). Релативно е лесно да се најдат хотели под 100 долари, иако сместувањето не е толку важно ако ќе ја поминете ноќта танцувајќи во клубовите низ градот.

Но, ќе сакате и малку да се одморите и да го истражите богатството на белградските музеи и инсталации за современа уметност, од кои многу се отворени во последните неколку години“, велат тие за Србија.

Унгарија

„Поволната унгарска економија е одлична вест за сите кои планираат патување во Будимпешта, каде што растечкиот пазар на ресторани со Мишелин ѕвезди. Градот  ја прослави својата 150-годишнина во ноември 2023 година, што значи дека има уште повеќе причини да се дојде во посета годинава“, забележуваат оттаму.

Албанија

Што се однесува до Албанија, забележуваат дека таа станала туристичка дестинација.

„Албанија е многу поевтина од другите европски земји и е малку под радарот како туристичка дестинација“, наведуваат, а особено ја истакнуваат албанската кујна.

Ова е целосната листа:

Унгарија
Јужна Кореа
Мексико
Монголија
Виетнам
Бразил
Јужна Африка
Шри Ланка
Костарика
Филипини
Мадагаскар
Египет
Малезија
Индија
Србија
Северна Македонија
Непал
Гамбија
Индонезија
Албанија
Узбекистан