Каде е најбезбедно да се живее во светот?

76

Според Индексот на безбедни градови (Safe Cities Index) што го објави Guardian Intelligence Unit, Токио е најбезбеден град за живеење во светот.

Безбедноста е мерена според четири категории: лична, инфраструктурна, здравствена и дигитална, според коишто се направени и посебни листи. Така, град со најдобра дигитална безбедност е, исто така, Токио, Сингапур нуди најдобра лична безбедност, здравствената сигурност е најголема во Осака, додека инфраструктурната безбедност е највисока во Сингапур.

Листата топ десет најбезбедни градови за оваа година изгледа вака:

Токио, Јапонија

Сингапур, Сингапур

Осака, Јапонија

Амстердам, Холандија

Сиднеј, Австралија

Торонто, Канада

Вашингтон, САД

Копенхаген, Данска

Сеул, Јужна Кореја

Мелбурн, Австралија

Фото: Pixabay