Каде е најскапа, а каде најевтина храната во Европа?

132

Храната е најскапа во Швајцарија, додека најевтина е во Романија, покажуваат податоците на Eurostat.

Па така, цените на храната во Швајцарија се 66,3% над европскиот просек, додека во Романија се 34,9% под просекот на ЕУ.

Меѓу земјите со најскапа храна во ЕУ се и овие земји: Норвешка (55,2%), Исланд (41,3%), Данска (28,9%) и Луксембург (25,4%).

Од друга страна, најевтина храна во ЕУ, освен во Романија, има и во: Полска (31,2%), Бугарија (23,5%), Литванија (19,9%) и Чешка (16,8%).

Фото: Freepik