Каде има најмногу слободни работни места?

72
Најголем број слободни работни места, односно 2. 023, има во петтата група занимања Работници во услужни дејности и продажба.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2024 година, стапката на слободни работни места изнесува 2.03 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 3.59 % има секторот Л – Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација,
во кој изнесува 0.50 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.46 %.
Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.28 %.