Каде ќе биде биткоинот за 50 години?

22

Можеби не е познато што ќе се случи со акциите на S&P 500 следниот месец или за две години, но сигурно е дека тие ќе растат во наредните децении.

Повеќето луѓе знаат и што се акции и таа дефиниција не се менува со векови. Mеѓутоа, ништо од ова не се однесува на криптовалутите.

Некои предвидуваат дека овие “монети“ засекогаш ќе го променат начинот на кој ги разбираме и комуницираме со парите, додека други предупредуваат на опасен меур. Сепак, какви и да се предвидувања за судбината на криптовалутите, станува сè потешко да се замисли иднина без нив.

Затоа CNBC побара експерти од различни области да објаснат каде ги гледаат криптовалути за 50 години, а потоа ги сумираа и уредуваа нивните одговори.

Ајвори Џонсон, овластен финансиски планер и основач на Delancey Wealth Management:

“Криптовалутите ќе ги разбрануваат традиционалните финансии поради една од нивните најатрактивни одлики, а тоа е можноста за трансфер на пари преку граници со малку или без трошоци, одложувања и флуктуации помеѓу странските валути. Во однос на биткоинот, 50 години се долги и може да стане или светска резервна валута или само нешто што ги збогати многу луѓе се додека не беше заменет со подобра технологија“.

Фредерик Кауфман, автор на книгата The Money Plot: A History of Currency’s Power to Enchant, Control, and Manipulate:

“И многу пред 2071 година, доларот ќе има повеќе заедничко со криптовалутите отколку со среброто или златото, така што нема потреба да се сомневаме во долговечноста на шифрираните алгоритми како залиха на вредност и средство за размена. И како што нашите животи се доближуваат поблиску до дигиталниот универзум, желбата да се инвестира во токени само ќе се забрза. Иронично, тој импулс ќе не поврзе со примитивни инстинкти и ќе го обработи својот дел за да не спаси нас луѓето“.

Дан Еган, потпретседател за финансии и инвестиции во Betterment:

“Криптовалутите како биткоинот се покажаа корисни за придвижување на парите и шпекулации и веројатно нема да одат никаде. Но, каде и како ќе генерираме енергија за да ја следиме побарувачката на растечкиот крипто пазар е прашање што треба да се разгледа, како и дали државните актери кои криптовалутите ги гледаат како конкуренција на фиат моќта, за да ги направат уште посоодветни за црниот пазар“.

Драган Бошковиќ, основач и директор на Blockchain Research Lab на Универзитетот во Аризона:

“Централните банки се зафатени со развој на регулативи за криптовалутите. Тие препознаваат дека дигиталните валути се природни за дигиталната економија и, како такви, се на пат да станат мејнстрим во следните 10 години“.

Барбара Рупер, директор за заштита на инвеститори во Федерацијата на потрошувачи на Америка:

“Извинете. Пред извесно време решив дека сум премногу стара за овој проблем”.

Фото: Pixabay