Каде оди целото богатство на Кирк Даглас?

125

Славниот холивудски актер, Кирк Даглас почина на почетокот на овој месец на 103-годишна возраст.

Оваа филмска легенда беше позната како голем хуманитарец, а тоа за последен пат го докажа пред неговата смрт.

Целото богатство на Кирк, што се проценува на 61 милион долари, е дадено во хуманитарни цели. Вкупно 50 милиони долари ќе бидат распоредени преку неговата фондација, чија цел е “помош на оние кои не можат да си помогнат самите“. Некои од корисници се високообразовни институции, што даваат стипендии на сиромашни студенти, детски болници, центри и слично, пишува Mirror.uk.

Ниту еден долар од неговото богатство нема да добие неговиот познат син, Мајкл Даглас, чие богатство се проценува на околу 300 милиони долари.

Фото: Facebook