Каде Pfizer ќе ги произведува шишенцата за вакцините?

64

Поголемиот дел од шишенцата за вакцините против коронавирусот на компаниите Pfizer и BioNTech ќе се произведуваат во фабриката за стакло Шот во западна Унгарија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

“Шот инвестира 37,6 милиони евра за поставување 16 производни линии за производство на ампулите, а владата дава поддршка со грантови“, вели Сијарто.

Фабриката е најголема постројка за производство на ампули во светот и вработува 550 лица.

“Одлуката оваа инвестиција да биде Унгарија дополнителни ги засилува силните германско – унгарски економски врски“, вели министерот.

Во овој момент 6.000 германски компании вработуваат околу 300.000 лица во Унгарија.

Фото: Freepik