Kаде се крадат најмногу автомобили во Европа

90

Објавен е инфографик кој прикажува во која земја во Европа се крадат најмногу автомобили. Инфографикот бил направен врз основа на податоци од 2020 година. Спротивно на очекувањата, Шведска е на врвот на Европската унија по бројот на кражби на автомобили. Ги имало 207 на сто илјади жители.

По Шведска е Италија која имала 169 кражби на автомобили, потоа Холандија со 155 и Грција со 144 кражби на автомобили на 100.000 жители.

Хрватска е на самото дно по бројот на кражби на 100.000 жители. Имено, ги имало само 17, а исто толку ги имало и во Бугарија.

Во Романија се забележани 9 кражби на автомобили на сто илјади жители, во Естонија 8, а во Данска само 5, пренесува Poslovni.hr.