Каде се најплатени наставниците?

85

Од 1994-та година се одбележува Светскиот ден на наставниците, но не насекаде во светот тие се подеднакво платени.

Официјалните податоци покажуваат дека највисока е платата на наставниците во Луксембург. На пример, наставник во основно училиште во оваа земја има почетна плата од 70.295 долари, додека оние со искуство од 15-тина година добиваат годишна плата и над 102.000 долари.

Втори на листата се наставниците од основните училишта во Германија, чија почетна годишна плата е околу 63.000 евра, додека оние со поголемо искуство добиваат и над 77.600 евра.

Следни се наставниците во основните училишта во Канада, каде што наставник почетник зема годишно околу 40.504 долари, а нивните постари колеги и над 70.600 долари.

Во САД, наставник почетник во основно училишта прима годишна плата од околу 41.000 долари, а на оние со 15-тина години работно искуство, платата може да им биде и над 61.000 долари.

Фото: Freepik