Каде се наоѓаат најскапите резорти во светот?

46

Резултатите од истражувањето кое беше спроведено во претходните два месеци на веб страната  luxury-hotels.com, каде се бираа најскапите најслукзуните хотели во светот, покажа изненадувачки резултати. Имено ниеден од 10 хотели на листата не се наоѓа ниту во САД, ниту во Дубаи…. поголемиот број од најлуксузните хотели се наоѓаат во Африка.

North-Island-Seychelles

Според резултатите приватното сместувалиште North Island Lodge на Сејшелите е најекстравагантиот хотел во светот каде сместување за една вечер чини 5,843 долари.

North-Island-Seychelles-spa

Резортот нуди секакви луксузни удобности. Гостите кои престојуват таму се носат со хеликоптер до самиот хотел, кој се наоѓа на 30км од брегот на главниот остров во архипелагот Махе.

North-Island-Seychelles-outdoor-dining

Резортот во North Island го сочинуваат  11 вили, а посетителите го опишуваат како  модерната Ноева Арка, поради интензивната програма за зачувување на флората и фауната на островот.

На листата доминираат луксузните сместувалишта во Африка и далечните острови во Океанија.

Еве како таа изгледа:

1. North Island Lodge, Сејшели 5,843 долари за една вечер
2. Laucala Resort, Фиџи, 5,040 долари за една вечер
3. Khwai River Lodge, Боцвана, 4,060 долари за една вечер
4. Savute Elephant Camp, Боцвана, 4,020 долари за една вечер
5. Eagle Island Camp & Spa, Боцванa, 3,970 долари за една вечер
6. Singita Grumeti Reserves, Боцванa, 3,570 долари за една вечер
7. King Pacific Lodge, Канадa, 3,249 долари за една вечер
8. Mnemba Island Lodge, Taнзанија, 3,100 долари за една вечер
9. Hotel Cala di Volpe, Италија, 2,939 долари за една вечер
10. Queen Charlotte Lodge, Кандa, 2,800 долари за една вечер