
Кога станува збор за моќта на пасошите на Балканот, Северна Македонија се наоѓа на осмата позиција, според најновиот Visa Guide Passport Index 2025. Иако не е на самиот врв, македонскиот пасош сепак овозможува влез без виза или со виза по пристигнување во значителен број држави ширум светот. Пред Македонија се наоѓаат Хрватска, Грција, Црна Гора и Србија, додека по Македонија следат Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.
На врвот на балканската листа е Хрватска, а потоа следи Грција. Следуваат Словенија, Бугарија и Романија, кои нудат најголема патна слобода за своите граѓани во регионот. Оваа ранг-листа ги одразува можностите за патување без визни ограничувања и ја покажува различната геополитичка положба на секоја земја во регионот.

Ако се погледне на глобално ниво, според истиот индекс, македонскиот пасош е на 78 -мо место, хрватскиот пасош е на 18-то место во светот. Грчкиот е на 22-ро, а словенечкиот на 25-то.
Српскиот пасош е на 67-мо место, а црногорскиот пасош на 73-то место.











