Каде се живее најздраво во Европа? Новата листа ги открива топ градовите

Платформата за резервации на патувања „Омио“ спроведе анкета за да открие кој европски град е најкорисен за здравјето и на жителите и на туристите. Врз основа на анализа на 17 различни фактори, Мадрид се најде на врвот на листата.

Нашето здравје и општата благосостојба во урбаната средина се под влијание на многу фактори – од квалитетот на воздухот и нивото на загадување, до можностите за планинарење и понудата на рекреативни објекти. Омио детално анализираше критериуми како што се нивото на бучава и загадување, достапноста на зелени површини, бројот на спа центри, теретани и фитнес центри, како и бројот на сончеви денови во текот на годината. Градот што освои највисоки оценки, со вкупен резултат од 78,62 поени од можни 100, беше Мадрид, објавува „Тајм аут“.

Според резултатите од студијата, шпанската престолнина се издвоила во речиси сите категории, особено благодарение на високиот квалитет на живот, импресивниот број од 360 спа-центри и дури 2.712 сончеви часови годишно. Не е случајно што Мадрид неодамна беше прогласен за еден од најсончевите главни градови во Европа.

На второ место се најде Лисабон со резултат од 75,36, што не е изненадувачки, со оглед на тоа што градот најави формирање нови „зони на тишина“ и бесплатен пристап до некои од своите најубави градини. Третото место го зазеде Виена, а ова е комплетната листа на најдобри европски градови според критериумите за здравје и благосостојба:

– Мадрид
– Лисабон
– Виена
– Прага
– Амстердам
– Хелсинки
– Копенхаген
– Талин
– Рим
– Загреб
– Будимпешта
– Љубљана
– Берн
– Берлин
– Луксембург
– Рига
– Софија
– Вилнус
– Атина
– Стокхолм
– Ереван
– Рејкјавик