Каде во Европа може да се купи најевтин стан

137

Доколку планирате да купите недвижен имот во некој од европските градови, некаде ќе треба да се издвојат над 10.000 евра за метар квадратен, а во Европа има и места каде квадратот чини под 1.000 евра.

Во Минхен, еден од најпопуларните градови во Германија, купувачите минатата година за стан во нова зграда мораа да платат во просек по 10.500 евра за метар квадратен, додека во француската престолнина Париз, еден од најромантичните градови за 13.000 евра.

Нешто поевтини се Лондон, Осло и Франкфурт, каде просечната цена за метар квадратен е 8.400 евра. Во Амстердам, град кој е сè попопуларна дестинација за живеење, квадратот бил 7.600 евра, а во Копенхаген 7.300 евра.

Од друга страна, Бугарија е земја која привлекува сè поголем број странски инвеститори и купувачи на недвижности поради пристапноста, природните убавини и различните можности. Затоа најприфатлива недвижност има во бугарските градови Варна и Бургас, каде нов стан во просек можеше да се купи за 900 евра за метар квадратен, пренесува Банкар.ме.