Каде во Европа струјата е најскапа, а каде најевтина?

Најскапа струја во Европската унија и во цела Европа плаќаат Германците, каде киловат час чини 40 центи, а по нив следат Ирците, каде еден киловат час чини 38 центи.
На другиот крај од скалата, најевтини, кога станува збор за Европската унија, се граѓаните на Унгарија и Бугарија, каде цената за киловат е 11, односно 12 евроценти.

Ако ја погледнеме цела Европа, тогаш најевтино е во Турција со само шест евроценти.

Што се однесува до нашиот регион, граѓаните во Босна и Херцеговина плаќаат осум евроценти, во Србија десет евроценти, Црногорците 11, Хрватите 15 и Словенците 21 евроценти.

Интересен пример е Норвешка, каде просечната месечна нето плата е 4.465 евра, а киловат час граѓаните ги чини само 19 центи, пишува Poslovni.hr.