Каде завршуваат парите од фонтаната ди Треви во Рим?

334

Ако некогаш сте го посетиле Рим, сигурно сте фрлиле паричка во познатата фонтана  ди Треви, исто како што прават илјадници туристи секој ден. Прашањето е – што се случува со сите тие пари на крајот?

Според првобитното верување, чаша вода од оваа фонтана значела среќа и брзо враќање во „Вечниот град“. Со текот на времето, оваа легенда еволуираше во верувањето дека фрлањето паричка преку левото рамо, со грбот свртен кон фонтаната, ќе обезбеди брзо враќање во градот.

Овие пари денеска ги собираат работниците на добротворната католичка организација „Каритас“, која ги користи за купување храна за сиромашните, како и за спроведување на разни социјални програми. Финансиската помош стигнува до повеќе од 200 земји ширум светот.

Од фонтаната дневно се собираат околу 3.000 евра, што е околу 1,26 милиони долари годишно.

Постои дури и посебен супермаркет во сопственост на организацијата „Каритас“, каде од 2008 година најзагрозените граѓани на Рим купуваат намирници.