Каде згрешија централните банкари

109

Светските централни банки направија една од нивните најголеми грешки кога ја потценија големината и времетраењето на инфлаторните притисоци.

Тоа се гледа и од фактот што овие грешки постојано ги терале да ја менуваат прогнозата за раст на цените нагоре. Сепак, според Блумберг, овој недостаток во предвидувањето на развојот на настаните, логично, има свои последици.

Сега Федералните резерви на САД (ФЕД) и повеќето други централни банки се обидуваат да го надоместат изгубеното време со агресивно зголемување на каматните стапки, што не е забележано со децении. Ова значи дека трошоците за задолжување би можеле да завршат да бидат повисоки отколку што би требало да бидат доколку покачувањето на каматните стапки започнало порано.

И самиот факт што не беше добро прогнозиран сега може да предизвика недоверба во изјавите дека порастот на каматните стапки нема нужно да доведе до рецесија.

„Минатата година нашата централна банка очајно пропадна. Таа даде лоши предвидувања и морам да кажам дека тоа не е целосно поправено“, изјави поранешниот министер за финансии на САД, Лоренс Самерс.

Медиумските прогнози на ФЕД од јуни покажаа дека инфлацијата треба да се намали на 2 отсто и дека невработеноста ќе достигне врв на 4,1 отсто до крајот на 2024 година.

„Тоа е многу малку веројатно“, вели Самерс.

Претседателот на Банката на федерални резерви Џером Пауел и неговите колеги од другите банки не се оддалечуваат од фактот дека се направени грешки, најмногу затоа што инфлацијата, во услови на очекувања за стабилизирање на синџирите на снабдување и побарувачката на стоки додека пандемијата стивнува, се сметаше дека е привремена.

„Лекцијата е дека работите на страната на понудата можат да бидат многу комплицирани“, рече Пауел.

Некои се надеваа дека чекањето за промена кон затегнување на монетарната политика може да го подобри пазарот на трудот. Наместо тоа, поради лабавата монетарна политика, луѓето продолжија да трошат и трговијата беше во неволја. Војната во Украина и кинеската политика на нулта толеранција кон КОВИД, која е надвор од дофатот на монетарните политики, дополнително ја влошија ситуацијата со зголемувањето на цените на храната и горивата. Недостигот на работна сила поттикна пораст на платите, а фискалните стимулации ја зголемија побарувачката, пишува Bloomberg Adria.

Политичарите, од кои централните банки успеаја да постигнат завидно ниво на независност, внимателно ги следат сите овие погрешни проценки.

Австралиската влада започна ревизија на процедурите за прогнозирање во централната банка на земјата, а британската министерка за надворешни работи Лиз Трус рече дека би можела да го промени мандатот на централната банка доколку стане премиерка во септември.

Републиканците, доколку освојат мнозинство во Конгресот оваа есен, може да се покажат дека не се подготвени да им простат на погрешните пресметки на централните банкари.

„Централните банкари мора внимателно да размислат за водење на монетарната политика во изминатите две години и да ги ревидираат моделите и претпоставките што ги користат, како и оценките што ги имале. Главната причина за инфлаторните притисоци лежи во погрешните проценки на централните банки при водење на монетарната политика за време на пандемијата“, изјави поранешниот гувернер на централната банка на Нов Зеланд, Грем Вилер.