Фото: Kickstarter
Kado е полнач за мобилни телефони којшто е потенок од молив. Има дебелина од 7 милиметри и може да се смести во паричник. Kado полни уреди до 10W, а поддржува и брзо полнење.
Во продажба има американски (Type A) и европски (Type C/E/F).
Цената на Kado изнесува 39 долари, односно 44 долари за пакет којшто вклучува додаток што овозможува лесно мотање на каблите на телефонот.
Поставен е на платформата за групно финансирање Kickstarter каде треба да собере 25.000 долари. До крајот на кампањата остануваат уште 27 дена, а веќе се собрани 72.760 долари.