Кафето не го скратува животниот век

22

kafe-pexels

Фото: Pexels

Добра вест за сите љубители на кафе. Шпански научници неодамна открија дека пиењето кафе (со или без кофеин) нема лоши последици врз организмот.

Во обемното истражувањето кое се спроведувало од 1980 до 2004 врз 42.000 мажи и 84.000 жени, се следеле нивните животни навики како исхраната, пиење кафе, пушење цигари и општата здравствена состојба.

Резултатите што научниците ги добивале во текот на годините покажале дека жените кои пиеле 2 – 3 кафиња дневно имале 25% помали шанси да заболат од срцеви болести и 18% помал ризик за останатите болести во однос на жените кои не пијат кафе.

Кај мажите кои конзумираат три кафиња на ден не е пронајден поголем ризик за болести од оние кои не пијат кафе воопшто.

Научниците овие бројки ги препишуваат на антиоксидантите кои се наоѓаат во кафето, а не на кофеинот, од причина што резултатите биле исти и кај испитаниците кои конзумирале кафе без кофеин.

Сепак, лекарите советуваат конзумирањето да биде умерено и индивидуално. Доколку кафето ви пречи да заспиете, ви предизвикува вознемиреност или мачнина во желудникот, треба да го ограничите неговото внесување.

Во спротивно, слободно уживајте во вашата дневна доза.