Kai – уред што обичните очила ги трансформира во паметни

20

kai

Kai е уред што се поставува зад увото на корисникот и се прицврстува на рамките за очила. Со Kai ќе може да се прават повици, да се испраќаат пораки, да се пребарува на Интернет и сето тоа со гласовна команда.

Со само едно притискање на Kai, корисникот ќе може да контролира електронски уреди во домот, да добива информации за времето, колку калории содржи одредена храна, како некој збор се изговара на различен јазик и уште многу интеракции за кои не се потребни дополнителни уреди.

Корисникот ќе може да го користи додека е во домот, на работа или во движење. Со негова помош обичните очила стануваат паметни и можат во голема мера да го олеснат секојдневието на оној што го користи.

Kai е прототип на американскиот старт  – ап Glimpse, којшто на Kickstarter, бара финансиска поддршка од 55.650 долари.