
Многу земји во светот почнаа да применуваат скратена работна недела, односно работниците да работат четири дена, а три да одмараат. Анализите покажуваат дека со пократката работна недела вработените се помалку под стрес и се чувствуваат подобро, а работата и животот им се побалансирани. Меѓу земјите кои воведоа пократка работна недела во некои сектори се Велика Британија, Исланд, Шпанија, Франција, Нов Зеланд, Јапонија, САД….
Се поставува прашањето дали во Македонија може да профункционира скратена работна недела од четири дена?
Сепак досегашната пракса покажува дека овој модел барем засега тешко дека ќе профункционира затоа што земјава е со многу понизок стандард од европските држави. Кај нас сè уште работникот се искористува максимално, а доказ за тоа се измените на Законот за работни односи со кои беше воведена можноста за работа над 60 часа неделно за работа на стратешки проекти.
Поради тоа, од Сојузот на синдикати на Македонија бараат во новиот Закон за работните односи да се воведе 35 часовна работна недела.
-Ние како земја аспирант за членство во ЕУ треба да се залагаме за намалување на работната недела на седум работни часа дневно или четири работни дена во неделата, а не да се враќаме назад во историјата и да воведуваме експлоатација на работниците и работа во просек по 12 часа. Со зголемување на бројот на работни часови и денови во неделата се зголемува ризикот од несреќи, повреди и смртни случаи на работа, а се загрозува и апликацијата за влез во ЕУ, бидејќи предлозите се во спротивност со директивите за работно време на Унијата, изјави за „Локално„, Иван Пешевски потпретседател на ССМ.
Целиот текст на Локално.мк
Фото: Pixabay