Какаото најскапо во последните 47 години

20

Омилената чоколада на многу луѓе би можела да поскапи. Глобалните цени на какаото нагло пораснаа поради сушата во Западна Африка која сериозно ги оштети насадите.

Според просекот од последните 52 недели на Лондонската берза,  цената на зрната какао пораснала за цели 150 отсто и со тоа достигнала рекордно ниво во последните 47 години. Овој ценовен тренд влијае на бизнисот на сите производители на чоколади во светот, пишува Пословни дневник.

„Тоа е клучна суровина за производство на чоколади и пралини, кои претставуваат голем дел од обемот на производство на Краш, а какаото е важно и за нашите производи од категоријата бисквити и вафли, во кои користиме и делови од какао, а во нашите производи користиме какао од западноафриканските земји кое има специфичен мирис на кој се навикнати нашите лојални потрошувачи“, објаснуваат од Краш.

Пред една година какаото беше близу 2.600 долари за метрички тон, додека пред еден месец цените беа околу 4.000-4.200 долари за метрички тон. Во меѓувреме, минатата година цените на шеќерот, уште една клучна состојка во чоколадото, исто така пораснаа за околу 25 отсто. На меѓународната берза е забележан раст на цената од 2,81 отсто, а тон зрна какао можеше да се купи за 5.773 долари. Рекордна цена беше постигната на 8 февруари (5.874 евра).

Какаото, објаснуваат експертите, поскапе поради слабата жетва во Западна Африка. Врнежите се намалени во Гана и Брегот на Слоновата Коска, а двата најголеми светски производители на какао се под влијание на временскиот феномен Ел Нињо.