Фото: Pexels
Активно слушање значи, активно да пробате да ги сфатите фактите и чувствата од она што сте го слушнале и да пробате да му помогнете на соговорникот да го реши неговиот проблем, осносно да остварите заедничка корист.
Да слушате активно значи да ги препознаете потребите на соговорникот. Да ја проверите реалноста и објективноста од она што сте го препознале со помош на вербално – комуникациски фидбек.
Треба да избегнувате да го наметнувате својот став и начинот на гледање на работите. Исто така треба, да го разбирате поставеното прашање и да давате искрен одговор.
Треба да ги толерирање и сфаќате ставовите што се различни од вашиот став. Да се ослободите од потребата да ги насочувате другите да размислуваат како вас и со помош на под-прашања да ги откриете скриените чувства и потреби на соговорникот.
Основно правило за активното слушање е да му покажете на соговорникот дека го гледате проблемот од негово гледиште. Потоа треба да го разберете значењето на она што го кажува и да одговарите според чувствата. Многу е важно да ги забележувате сите знаци, да не се потпирате само на вербалната комуникација, туку и на гестовите, положбата на телото, движењето на очите и слично.
Ефектите од активното слушање се внесување на промени во луѓето околу вас. Затоа што активно слушаните личности и сами стануваат активни слушатели. Кога ќе станете активен слушател, тоа доведува и до промена на вашите ставови. Активното слушање е темелно и ефикасно комуницирање кое води до подобри резултати.
За ефективно слушање битни се и следните карактеристики:
- Треба да сакате да ја примите пораката којашто соговорникот сака да ви ја пренесе;
- Детално да внимавате на тоа што соговорникот ви го кажува;
- Да го структурирате она што сте го чуле;
- Да барате објаснување, да поставувате прашања,
- Постојано да барате и да давате повратни информации;